Центар за култура „Григор Прличев“

Од 27.04.2019 - 20:00 до 27.04.2019 - 21:30

Како и изминатите години, така и оваа година, на 27ми април (сабота) на малата сцена при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид (Народен театар Охрид) од 20 часот тимот на „Импровокација“ го најавува нивниот вообичаен предвелигденски „special“.

Театарска импровизација „Импровокација“ е проект на професионалните актери, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски помогнати од Никола Јосифоски на пијано и Филип Ангеличин Жура како организатор (џокер или „совест на шоуто“). Во зависност од енергијата на публиката и предлозите кои што таа ги дава , таков тематски правец добива и самата изведба. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.

Билетите за шоуто по цена од 200 денари можат да се набават во музичка продавница „Зизи топ“ или да се резервираат на телефон 075 283 066 (од 11 до 15 часот).

Цената на билетот на денот на изведба ќе чини 250 денари.

OhridNews