Синоќа на 52- годишна возраст почина д-р Стефаноски Владо пратеник во македонскиот парламент .

Стефаноски кој беше пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ беше и претседател на општинскиот разгранок во Охрид.

Посмртните останки на пратеникот Владо Стефаноски ќе бидат изложени утре во 13 часот во капелата на градските гробишта во Охрид, по што ќе се изврши погребот.

По повод смртта на пратеникот Владо Стефаноски, Собранието на Република Македонија во вторник ќе одржи комеморативна седница.

Ohridnews