После долга и тешка болест, вчера во Белград почина доајенот на спортското новинарство на поранешна Југославија, Марко Марковиќ.
Со новинарство почна да се бави во далечната 1957 година, а најолем дел од кариерата помина во Радио Телевизија Белград (1962-1995). Пренесуваше голем број на фудбалски натпревари и известуваше од 40 шампионати на Европа и светот, како и од Олимписки Игри.
Беше автор и водител на култната спортска ТВ емисија „Индирект“, изработи огромен број на интервјуа со познати светски асови и шест монографии.
Марковиќ беше одговорен уредник на спортската програма на ТВ Белград, одговорен уредник на спортската програма на РТС, претседател на здружението на спортски новинари на Србија. Од 1995 година работеше во ТВ Пинк.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...