Поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Југославија и селектор на репрезентацијата Миљан Миљаниќ умре вчера во Белград на 82 годишна возраст.

Миљаниќ беше фудбалер и тренер на Црвена ѕвезда, а во кариерата ги тренираше и Реал мадрид и Валенсија. По тоа беше селектор на Југославија, по што го зазеде челното место во Фудбалскиот сојуз.

Миљаниќ беше и теоретичар на фудбалот, а Светската фудбалска федерација(ФИФА) го одликуваше со орден за заслуги за развој на фудбалот.

Ohridnews