Во 47-та година од животот, вчера, ненадејно почина Јованка Љаткоска, професор и заменик директор во О.У. „Братство и Единство“ – Охрид.

По повод смртта на Љаткоска, во понеделник (03.04.) со почеток во 12 часот во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи комеморација, информираат од О.У. „Братство и Единство“.

Посмртните останки на проф. Јованка Љаткоска ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта од 14 – 15 часот.

OhridNews