Единицата за меѓународна координација на органите надлежни за спроведување на законот – ILECU – Македонија, денеска беше промовирана во Охрид.


Целта на проектот ILECU кој е финсиран од Европската Комисија е воспоставување меѓународни координативни единици на органите надлежни за спроведување на законот за борба против сите видови на организиран криминал, истакна на инаугурацијата директорот на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодороски.


Вакви единици во иднина ќе се формираат и во другите земји од Западен Балкан, со што според експертите ќе придонесе за унапредување на меѓународната соработка во борбата против организираниот криминал.


На инаугурацијата на првата Единицата за меѓународна координација на органите надлежни за спроведување на законот – ILECU присуствуваа претставници на носителот на Проектот-Федералното Министерство за внатрешни работи на Австрија, Потпроектниот тим за имплементација од МВР на Република Словенија, Европската Комисија, Интерпол, Сојузната криминалистичка служба на Германија и Романија како и на регионалните тимови на земјите кориснички: Република Македонија, ХрваИтска, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора и Србија.

OhridNews