Од почетокот на следната година за индустриските и земјоделските производи кои ќе се увезуваат од Европската Унија нема да се плаќа царина.

Според условите кои произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација и договорите за слободна трговија што земјава ги има потпишано со Европската Унија, од 1 јануари 2011 година, нема да се плаќа царина за увезените индустриски и земјоделски производи.


Досега, царинските давачки за овие производи според предвидените услови во договорите се намалуваа постепeно.

Новите услови по кои ќе се увезува од ЕУ ќе бидат уште еден голем удар за македонските компании поради нивната неконкуретност, а тие веќе имаат сериозна конкуренција од регионалните компании.

OhridNews
извор: Makfaks