Екипата на Сатеска ја доби пенал драмата со Кафе бар Лавадо, а Инекс Олгица забележа убедлив триумф над Хотел Тино за пласман во полуфиналето на 27-то издание на турнирот во мал фудбал “Богородица куп” што се игра во Волино.
Резултати 1/4 финале недела, 24.08.2025
Хотел Тино – Инекс Олгица 0:7
Сатеска – Кафе бар Лавадо 1:1 (3:1) по изведување пенали
Четвртиналните пресметки продолжуваат вечерва со преостанатите два натпревари.
1/4 финале понеделник, 25.08.2025
21:00 Чардак Велгошти – Аце Најдески
22:00 Брумел – Екстра Скопско
Г.М