Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во декември 2012 година, преку кој се мери инфлацијата бележи пораст од 3.3% во однос на 2011 година.
Движењето на индексот на цените на мало во 2012 година беше различно по одделни групи на производи. Пораст на индексите е забележан во групите: Непрехранбени индустриски производи за 5.8%, Земјоделски производи за 3.1%, Индустриско-прехранбени производи за 2.4%, Услуги за 1.5% и Пијалаци за 0.4%.
Движењето на индексот на трошоците на животот во 2012 година, исто така, беше различно по одделни групи на потрошувачка. Пораст на индексите е забележан во групите: Огрев и осветление за 11.1%, Облека и обувки за 5.3%, Сообраќајни средства и услуги за 2.8%, Хигиена и здравје за 2.7%, Стан (станарина, вода и услуги) за 2.5%, Исхрана и Ресторани и хотели за 2.4%, Култура и разонода за 1.6%, Покуќнина за 0.3% и Тутун и пијалаци за 0.1%.
Намалување на индексот е забележано во групата Останати услуги, неспомнати на друго место за 0.2%.
Индексот на цените на мало во декември 2012 година, во споредба со декември 2011 година, забележа пораст од 3.9%, а индексот на трошоците на животот забележа пораст од 4.7%.