Инфлацијата во април изнесува 4,8 % и бележи минимално намалување во однос на март (5,2%), но таа е повисока од посакуваното ниво од 2-3 %, изјави новиот гуветнер на Народната банка на Македонија -НБМ, Димитар Богов, кој денеска во Охрид имаше обраќање во рамки на Годишната конференција на Македонска берза.Според

-Инфлацијата регистрирана во последните неколку месеци во Македонија е последица на повисоките цени на нафтата и храната на светските берзи. Се уште не гледаме преносни ефекти врз останатите цени во македонската економија. Доколку забележиме такви сигнали, НБМ секако дека соодветно е реагира и јас како иден гувернер нема воопшто да се двоумам да реагирам во насока на задржување на економската стабилност,
рече Богов.

Новиот гувернер истакна дека НБМ и натаму ќе го штити фиксниот курс на денарот, затоа што стабилниот девизен курс добро и служи на македонската економија.

– Економскиот раст не зависи од курсот, дали е тој флуктуирачки или фиксен, туку зависи од квалитетот на економските политики. Не постои гаранција дека девалвацијата би креирала поттик на извозот. Понатака, висока е евроизираноста на активите и пасисвите на населението, банките и претпријатијата во РМ, така што промена на курсот би имала сериозни последици кон сите овие економски агенти, рече Богов.

Во врска со политиката на каматни стапки, Богов посочи дека за тие да се намалат потребно е да се создадат предуслови.

Референтната каматна стапка на НБМ кој е еден од битните фактори, значително се намали во последната година, меѓутоа треба да преовладаат и останатите фактори како што се намалувањето на ризиците во економијата, намалување на ризичноста на клиентите и зголемување на штедењето, очекуваме  како што се трендовите дека и тоа ќе се случи во наредниот период.-додаде Богов.

Како иден гувернер на НРБ, Богов истакна дека своите активностите ќе ги насочи кон зацврстување на стабилноста и конкурентноста на банкарскиот систем, а основна цел ќе биде да се задржи ценовната стабилност, како предуслов за одржлив економски раст.

Г.М.