Македонската Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, денеска во големата сала на општина Охрид со почеток од 12 часот, ќе одржи инфо-ден за презентација на своите активности.
Настанот е од отворен карактер. Сите заинтересирани можат да присуствуваат и на тој начин доиполнително да се информираат за програмите за агенцијата.
Во рамки на инфо-денот ќе има презентација на програмата “Доживотно учење” и ќе бидат истакнати деталите од неколку успешно спроведени проекти. Пред присутните ќе биде претставена новата програма на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите, “Еразмус плус 2014-2020”, како и иницијативите на ЕУ “Еуропас” и “Евридика”.
OhridNews