Последниот од серијата информативни денови за програмата Млади во акција ќе се одржи утре во Охрид.
Целта на овој инфо ден е информирање на граѓаните за можностите кои ги нуди програмата, начинот на нејзино користење и улогата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Информативниот ден ќе се одржи утре на пладне во х. „Сончева порта“.












