Телото за управување со ИПАРД и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе одржат информативно- едукативен настан во Oпштина Охрид во 11:00 часот.

Инфо деновите се со цел подобра информираност на заинтересираните странки во врска мерката 7 од ИПАРД Програмата 2014-2020 и поставување на прашања и добивање на одговори за сите странки кои се заинтересирани за аплицирање по оваа мерка.

Јавниот повик за мерката 7 од ИПАРД програмата е објавен и во тек е доставувањето на Барањата за користење на средствата со цел до 22-ри август 2021 година сите заинтересирани странки да ги достават комплетно пополнетите Барања за користење на средства и целокупната документација до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.