Денес во хотел Милениум Палас, во организација на  Делегацијата на Европската Унија, Министерството за локална самоуправа и Општина Охрид, ќе се одржи Инфо- ден за презентација на Програмата за прекугранична соработка ИПА помеѓу Грција и Македонија.

Инфо- денот ќе се состои од презентација на ИПА програмите и регулативите, вториот повик за проекти, како и детални информации за процедурите за известување, процедурите за евалуација и договорни прашања. Во рамките на Инфо- денот ќе има можност за  организирање тематски партнерски средби.

OhridNews