Дигиталните инфо-пултови кои се поствени на неколку локации низ Охрид веќе извесно време не работат и не им користат на туристите и гостите кои престојуваат во нашиот најголем туристички центар.

Од Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид велат дека инфо пултовите не работат поради технички проблем.

-Инфо пултовите не работат поради хардверски недостаток кој често пати прави проблеми и го прекинува нивното функционирање. Ние ги сервисираме нонстоп, но сепак истиот технички пороблем се повторува. Сервисерите се веќе ангажирани и се надевам дека пултовите за брзо време ќе бидат поправени и ќе бидат ставени во функција, појаснува Ѓоко Апостолов, раководител на Секторот за туризам и локален економски развој.

Дигиталните инфо-пултови не работеа и минатата есен, по што беа поправени и непречено функционираа, околу една година.

Инаку инфо-пултовите беа набавени и поставени во 2011 година и на нив, освен основните туристички информации и мапи за Охрид, бесплатно се објавуваат информации за охридските сместувачки и угостителски објекти.

Е.М