Наскоро во Охрид ќе бидат поставени 4 инфо пунктови.
Еден инфо пункт ќе биде поставен во централното градско подрачје, а останатите на влезовите во градот од страната на Пештани, од Скопје и на влезот од страната на Битола.
– Тука граѓаните ќе можат да добиваат информации во однос на сместувањето, за настани кои се случуваат во градот и други корисни информации, а ќе можат и да застанат да се освежат. – информираат од Локалната самоуправа.











