На 8-ми jуни, во просториите на Ohrid Blue Economy Accelerator при Универзитет за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” ќе се оддржи инфо сесија со цел презентација на активностите на новоотворениот акцелератор како и тековниот отворен повик за финансирање на компании кои нудат одржливи решенија во областа на зелената и сината технологија.
Повикот нуди можност за аплицирање за грант во висина до 50.000 евра, како и приспособено деловно советување, изложеност на инвеститоритеи ментори, и пристап до модерен простор за оние кои се квалификуваат, велат организаторите.
Сесијата е со почеток во 11:00 часот и присутните ќе имаат можност да се запознаат со критериумите за учество во акцелераторот, како и да ги постават своите прашања дирекно до организаторите на грантовата шема.
На настанот се добредојдени сите компании со седиште во Југозападниот регион на кои примарната дејност е во секторите на одржлив развој, производство и логистика, туризами агрикултура, како и информатичка и комуникациска технологија, додаваат во соопштението.
Повеќе информации за отворениот повик на следниот линк.
OhridNews












