Центарот за развојна ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, во сабота во хотелот Инекс Горица во Охрид, со почеток во 10 часот, организираат инфо сесија за четврти отповик на Фондот за инструментите-кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф, и кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации.

– Преку споменатите инструменти, апликантите може да добијат неповратни 30.000, односно 100.000 евра, со цел преку предложените проекти да го поттикнат нивото на иновативност со истражување и развој, да се охрабри соработката помеѓу приватниот сектор и високообразовните инаучни установи, како и останатите форми на соработка за комерцијализација на иновации, нагласуваат од Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

Целта на инфо настанот е да се дадат детални информации за фазата на аплицирање, објаснување на критериумите, информации за подготовка на буџетот и информации за Правилникот на инструментите. Инфо сесијата е отворена за сите заинтересирани субјекти за добивање информации за грантовите што се доделуваат од страна на Фондот за иновации и технолошки развој, преку отворените инструменти за финансирање на мали и средни претпријатија и стартапи.

– Четвртиот повик е отворен до 3 мај оваа година, и ова е добра можност да се поттикнат малите и средни претпријатија од Регионот да развијат проекти кои ќе ја подобрат нивната конкурентност и истовремено ќе придонесат во развојот на економијата во Југозападниот плански регион, подвлекуваат од Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

OhridNews