Агенцијата за промоција и подршка на туризмот на Р.М. денеска  започна со поставување на туристички инфо столбови на граничните премини и двата аеродрома.

Туристичките инфо столбови ке содржат промотивни материјали преку кои посетителите при влез во нашата земја ќе можат да се запознаат со туристичките потенцијали на Македонија.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ги повикува туристичките субјекти (хотели, ресторани, кафетерии, ноќни клубови и други) својот промотивен материјал да го достават до Агенцијата која ќе го дистрибуира до граничните премини. Поставувањето на нивниот промотивен материјал ќе биде без надомест, информираат од Агенцијата.

Агенцијата за промоција и подршка на туризмот смета дека нема да се остварат црните прогнози на одредени туристички субјекти за пад на бројот на странски туристи и ноќевање во Р.М. за 20-30 %. На тоа, според агенцијата, укажуваат статистичките податоци од месец април кога бројот на странските туристи се зголемил за 12,6%, а бројот на ноќевања на странските туристи пораснал за 5,5% во однос на истиот месец од минатата година.

Ohridnews