Со цел подобрување на  заштитата на животната средина, негово осовременување како и исполнување на стандардите кои што важат за националните паркови, ЈУНП Галичица во Охрид и Преспа изгради два информативни центри  за посетители кои ќе бидат во функција на информирање на посетителите како и нивна еколошка едукација.

Овие центри кои се први од ваков вид во нашата држава се опремени со најсовремена опрема за презентација и промоција на природното и културното наследство на овај дел од нашата држава.
 
– Овие содржини и работата со посетителите, особено помладите ќе имаат директен придонес во подигнувањето на јавната свест за потребата од заштита на природата на паркот и животната средина воопшто.  Имајќи ја предвид актуелната туристичка понуда во Охрид и Преспа, центрите  за посетители  несомнено ќе дадат  придонес во нејзино збогатување и промовирање на еколошки оддржлив и одговорен туризам, информираат од НП Галичица.

Информативните центри за посетители свечено ќе бидат пуштени во употреба во среда, а заинтересираните ќе може да ги посетуваат секој работен ден од 10 до 15 часот.

OhridNews