Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во периодот од 29 октомври до 18 декември 2009 ќе одржи вкупно осумнаесет информативни денови за програмите „Доживотно учење“ и „Млади во акција“ на Европската Комисија.
Завршната сесија ќе се одржи Охрид, со што и официјално ќе заврши кампањата на Националната агенција за европски образовни програми.
Целта на овие инфо денови е информирање на граѓаните за можностите кои ги нудат овие програми, начинот на нивно користење и улогата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.












