Во Охрид денеска, 20 јули, ќе се одржи информативна сесија за претставниците на невладиниот сектор за програмата Креативна Европа, која е дел од проектот „ЕУ за тебе“.

Информативната сесија на која ќе бидат презентирани проекти за соработка од културната програма, ќе се одржи во 11 часот во просториите на Општина Охрид.

Во рамки на инфо сесијата, во 13 часот на Филмската академија при УИНТ „Св. Апостол Павле“, ќе бидат презентирани примери за успешно реализирани медиа проекти.

OhridNews