Во организација на потрошувачите на Македонија – ОПМ и организацијата на потрошувачите на Охрид, на 21- ви ноември, во Струга со почеток во 14 часот во просториите на Здружение за развој и активизам ,,Аква’’, ќе се одржи информативна средба за граѓаните и институциите за медијација и можности за спогодбено решавање на потрошувачки спорови.

Предвидено е да се одржат излагања на темите кои се однесуваат на: примената на Законот за медијација и можноста за спогодбено решавање на споровите помеѓу потрошувачите и бизнис операторите како и финансиските услуги кои се нудат на потрошувачите од страна на финансиските институции.

Предвидено е учество учество на претставници од здруженија на граѓани во општината – потрошувачи, стопанските комори, преставници на банки, Државниот пазарен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и претставници од општината.

OhridNews