Ј.П. „Охридски Комуналец“ постави информативни табли на повеќе локации каде изминатиот период е забележана зачестена појава на недозволено одлагање и фрлање отпад од секаков вид (градежен шут, кабаст отпад, зелен отпад и друг комунален отпад).

-Со цел подигање на еколошката култура и свест, поставени се 60 информативни табли на локации кои на повеќе наврати се темелно исчистени, но набрзо сликата од расфрлан отпад се повторуваше. Ги потсетуваме граѓаните дека заради обезбедување на јавна чистота и заштита на животната средина и природата најстрого е забрането фрлање на отпад на јавни површини и во природата, односно надвор од определените места и садови за одлагање на отпад. – предупредува ЈП „Охридски Комуналец“.

Согласно Законот за јавна чистота, казна ќе му се изрече на секое лице кое постапува спротивно и не ја почитува забраната односно фрла отпад на јавна површина. Непочитување на јавната чистота и несоодветно одлагање отпад граѓаните можат да пријавуваат на тел.075-495-428, информира јавното комунално претпријатие.