Информативниот центар на Галичица конечно ќе биде ставен во функција
25.10.10 09:10
По речиси една година натегања, конечно се надминати недоразбирањата околу приклучувањето на Информативниот центар на Националниот парк „Галичица“ на водоводната и канализационата мрежа. Деновиве е ископан канал низ кој ќе поминуваат цевките кои објектот вреден 200 000 евра ќе го поврзат во системот.
Информативниот центар беше пуштен во употреба во ноември 2009 година, но се уште не работи, затоа што НП „Галичица“ и општината не можеа да се договорат кој треба да ги сноси трошоците за инфраструктурно поврзување на објектот, кои според изготвениот проект на МЈП „Проаква“ изнесуваат 160.000 евра. Овој проблем конечно е надминат и јавната установа НП „Галичица“ која ги има платено комуналиите наскоро ќе може да ги користи новите простории, кои се донација на италијанската влада.
Информативниот центар на Галичица конечно ќе биде ставен во функција
Еден дел од Информативниот центар, ќе биде наменет за канцеларии за вработените во НП „Галичица“, а другиот дел е предвиден за презентација на културното и природното наследство на националниот парк и на градот Охрид.
Само еден ден по дадените ветувања на македонската делегација пред претставниците на УНЕСКО во Париз дека Охридскиот регион ќе биде заштитен од понатамошна девастација, денес во Охрид, почнаа интер...
Биохемиската лабараторија при Општата болница Охрид доби нова опрема Со истата како што посочуваат од Болницата ќе се подобри квалитетот на услугите Новиот интегриран апарат за биохемиски и имуноло...
Националната установа „Охридско лето“ е добитник на престижната меѓународна награда „Да за уметноста“ на 11 издание на Интернационалниот театарски фестивал во Истанбул, Република Турција како призн...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.