Колку кандидатури за градоначалник и листи за советници, од група избирачи, се поднесени до подрачното одделение на министерството за правда, јавноста ќе биде информирана по завршувањето на увидот врз избирачкиот список , велат од Државната изборна комисија.


Во меѓувреме, како што најавуваат од ДИК , повремено ќе бидат изнесувани единствено податоци за тоа колку граѓани извршиле увид во избирачкиот список. Според последните податоци со кои располагаат од Државната изборна комисија, добиени на 1- ви февруари, во Охрид, увид врз Избирачкиот список извршиле 610 охриѓани.

Јавниот увид се врши во подрачното одделение на министерството за правда секој ден од 8.30 до 19 часот,а  завршува на 9- ти февруари на полноќ. Граѓаните имаат можност да проверат дали нивното име  се наоѓа во списокот и доколку е потребно да интервенираат со цел да се дополнат или избришат некои податоци.

Во општина Охрид на претстојните локални избори ќе се гласа на 73 избирачки места.

Т.К.