Информирањето преку интернет- дел од секојдневието на охриѓани
01.01.11 13:06
Над 50 проценти од населението за информирање му дава предност на интернетот во однос на стандардните медиуми. Интернетот се повеќе се смета како главна алатка за пристап до информации. Ова се резултатите од извршенте истражувања во однос на користењето на онлајн медиумите.
Интернетот како средство за информирање станува дел од секојдневието и на се поголем број охриѓани.
– Во зависност од мојата ангажираност во текот на денот, доколку имам можност претпладне го користам интернетот, да ги пролистам дневните весници и електронските медиуми. Интернетот многу го користам и за стручно надоградување, но и заедно со моите деца за добивање информации кои им користат на училиште. Фејсбукот пак, како социјална мрежа за забава е неизоставен дел од комуникацијата со моите пријатели, вели Томислав Тунтев.
За се поголемото значење на интернетот зборува и советникот Дејан Пановски. – Се повеќе и повеќе информациите за дневните, но и генерални случувања ги превземам од интернет како сеопфатна платформа на информации . Малку носталгично , но телевизијата ја губи доминацијата во брзиот пренос на вестите. Интернетот ми стана целодневен придружник. Не во форма на опсесија , туку како жед за брза информираност но и како одлично орудие за работа , бидејќи во секојдневната меѓународна комуникација е најбрз преносител на текстови и договарања на активности. Приватно ми е исклучиво извор на информации , добри книги и добра музика, потенцира Пановски.
Без интернет комуникацијата денот не може да му помине и на д- р Сашо Василески, интернист во Општа болница- Охрид.
–Интернетот за мене е секојдневије. Го користам и приватно и слузбено , компјутерот ми е нон-стоп уклучен. Моите контакти и обврски со колегите и пријателите во светот се преку интернет, кажува д- р Василески.
Во последните неколку години забележан е огромен раст на Онлајн медиумите во земјите од западна и централна Европа. Во Македонија нивниот број од ден на ден е се поголем.
Градоначалникот Кирил Пецаков денеска прими висока делегација од Узбекистан предводена од градоначалникот на општина Џизах, Азимов Зафар Абдумаидовиќ На работната средба на којашто присуствуваа и п...
Незавршениот процес на децентрализација, отсуство на сопствеништво врз управувањето со отпадот на локално ниво, неносењето на законите, ниската свест кај граѓанитe беа посочени како дел од проблеми...
Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.