Пливачката школа при ПК “Охридски бранови“ го одржа последниот час , со што беше спуштена завесата на овогодинешната сезона. Инструкторот Ристе Јанкоски ги пренесе импресиите од работата со децата во овој период, како и понатамошните планови на школата.


Наредната сезона продолужуваме онаму каде застанавме, 99 посто од нив научија да пливаат, за време на школата користевме нови методи на пливање, а не оние стереотипите кои досега се користеа, се се одвиваше преку игра во која децата ги учеа техниките на пливањето – вели Јанкоски.

Преку шеесетина деца беа дел од школата, за правилна работа оптимално е еден инструктор да работи со 15 до 20 деца. Ограничување на возраста нема, а најниската граница е пет години.


Презадоволни сме од условите , имавме 60 деца , не работевме да се оди на некоја масивност, туку важно е секое дете правилно да ги совлада техниките на пливање. Идеална група за работа е 20 дечиња, повеќе од толку нема можност за добра работа, секое време е добро за учење, учевме краул, делфин, градно пливање, ги учевме основните техники на пливање, а до година ќе одиме на тоа да ги усовршиме – рече Јанкоски.

Инфраструктурата останува најгорливиот проблем за охридските пливачки надежи. Немањето на затворен базен, го сведува овој спорт само на рекреативна активност. Секако дека иднина има во пливањето,  но во вакви услови како сегашните охриѓани ќе бидат “до вода жедни“ за постигнување на резултати од натпреварувачки каракатер и настап на некакви натпреварувања.

М.П.