Во повеќе урбани заедници во Охрид, во моментов се изведуваат инфраструктурни зафати на екипи од јавните претпријатија. Од општина Охрид информираат дека новиот кружен тек на пресекот од булевар „Туристичка“ и улицата „Бистрица“, наскоро целосно ќе биде ставен во употреба.
Интензивно се работи на целосно нов лик на улицата „Питу Гули“, проект добиен со средства на Светска банка, каде во моментов се поставуваат сливници за атмосферска канализација. Во населбата Рача многу брзо ќе проработи нова светлосна и вертикална сообраќајна сигнализација.
Исто така плажите на Сариште и во Пештани, ќе добијат нов атрактивен лик, уредени и збогатени со нови содржини.
Екипи на МЈП „Проаква“, ги привршуваат работите на новата водоводна мрежа на улицата “Сатеска“, со што значително ќе се подобри водоснабдувањето во овој дел од градот, а екипи на ЈП „Нискоградба“ изведуваат приклучок на околните куќи на фекалната канализација долж улицата „Илија Смически“ во Лескоец и изградба на атмосферска канализација на улицата „Ристо Чадо“ со што се решава еден долгогодишен проблем на граѓаните.
OhridNews