За иницијативата на ССМ за Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата упатена до Собранието, од страна на Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г-дин Талат Џафери сме информирани дека истата е доставена до пратениците во најкус рок за само 4 дена од денот на поднесувањето на истата, информираат од Сојузот на синдикатите на Македонија.
Ги повикуваме пратениците, согласно нивните надлежности, истата да ја прифатат и да го искористат своето право согласно член 132 од Деловникот за работа на Собранието и со тоа да го искористат право да предложат донесување на закон, кое право го има секој пратеник во Собранието и треба да го искористат по иницијативата на ССМ. Ги охрабруваме и пратениците, предлог за донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија доставен од страна на ССМ, согласно своите надлежности да го поддржат и предложат и тие, велат во денешното соопштение од ССМ.
Додаваат дека истовремено, Сојузот на синдикатите на Македонија како член на Економско – социјалниот Совет достави барање за свикување на седница на Економско – социјалниот Совет во најкус можен рок на која ќе се дискутира и разгледа иницијатива на ССМ за предлог за донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија како посебна точка на дневниот ред што впрочем е и обврска на Економско социјалниот Совет пред предлог за донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија да биде испратен од страна на Владата до Собранието за негово усвојување и примена од 1 јануари 2022 година.
Бараме пратениците веднаш да пристапат кон Законска процедура и истите да се одважат на нивото на задачата за што се избрани и да го прифатат предлогот на работниците, со што ќе биде овозможено започнувајќи од платаат за месец јануари 2022 година работниците во Државата да добиваат зголемена минимална плата како и зголемени плати поради растот на минималната плата.

Уште повеќе ако знаеме дека одлуката за замрзнување на цените на одредени производи завршува заклучно со 31.01.2022 година, како и очекуваното зголемување на цената на електричната енергија за најмалку 10% што исто така ќе придонесе до зголемување на Синдикалната минимална кошница и зголемување на цените, а овие трошоци ќе се плаќаат во месец февруари 2022 година, неопходно е работниците да добијат зголемена минимална плата како и зголемени плати поради растот на минималната плата согласно Закон и колективен договор, додаваат од ССМ.
OhridNews












