Фудбалерот на Барселона, Андрес Иниеста, оценил дека евентуалниот триумф над Реал во финалето на националниот Куп, донекаде би бил спасоносен за неговиот клуб.

Барселона неодамна беше елиминирана од Атлетико Мадрид, во четвртфиналето во Лигата на шампиони, а по поразот од Гранада, второто место во домашното првенство му го препушти на Реал.

„Имаме сила и квалитет да го освоиме Купот на Кралот, но ќе мора да одиграме најдобро против големиот противник. Освојувањето на Купот ќе ни донесе радост и ќе ни ја спаси сезоната. Сепак нема да може да го избрише фактот дека испаднавме од Лигата на шампиони“, рекол Иниеста.

Играчот од редот за врска и покрај поразот од Гранада, по кој неговиот тим има четири бодови помалку од лидерот во шпанското првенство Атлетико, верува дека Барселона сеуште има шанси да ја освои титулата.

Финалниот натпревар во Купот на Кралот ќе се одигра во Валенсија со почеток во 21:30 часот.

 

„Макфакс“