Фудбалерот на Барселона, Андреас Иниеста е избран за најдобар фудбалер во Европа, според Уефа за сезоната 2011/12.  Иниеста ја победи силната конкуренција во имињата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо.


– Задоволен сум и пресреќен што го добив овој трофеј, чест ми е што сум во вакво друштво. Им благодарам на моите соиграчи и моите репрезентативни колеги, без кои немаше да го освојам ова признаение – рече скромниот Иниеста.

Иниеста исто така беше прогласен за најдобар фудбалер на Европското првенство 2012 година, кое го освои Шпанија.

М.П.