Тешко му падна елиминацијата во полуфиналето на плејмејкерот на Барселона, Андреас Иниеста кој беше човекот на одлука во последната нивна пресметка во 2009 година. И тогаш и сега Иниеста погоди, но овојпат неговиот погодок не беше доволен за пласман во финале.


– Жалам што не сме во финалето, но “сините“ сосема заслужено патуваат во Минхен и јас им честитам за тоа. Имавме многу прилики но не успеавме да ги искористиме. Челси имаше три шанси и постигна три гола, тоа е фудбалот – рече Иниеста и додаде.


– Се обидовме на сите начини, кога имавме играч повеќе тие одлично се бранеа и не оставаа многу простор. Жалам за моите соиграчи , но и за одличните фанови кои беа со нас во текот на целата оваа камапања.


Иниеста е разочаран од неуспехот, а разочарувањето го дели целата екипа. 
-Добро кога сте во игра за трофеи во април и мај, ни неодстигаше последниот, финален чекор. Меси нема за што да се обвинува, тој е роден шампион и е исто така разочаран како и целата екипа -заврши Иниеста.

М.П.