Покачувањето на цените нафтените деривати и електричната енергија претставува нов удар врз работата на комуналните претпријатија, велат од јавното претпријатие Охридски комуналец, од каде потенцираат дека обавувањето на секојдневните дејности на претпријатието се базира на користењето на нафта, чија цена во неколку наврати е покачена во последниот период.
– Заради одржување на поголем степен на хигиена во екот на туристичката сезона, динамиката на подигање на отпадот е зголемена, а исто така е опфатено и поширокото подрачје на градот и туристичките населби. Со тоа и трошоците на работењето се зголемени за околу 10%. Затоа бараме под најитно да се одржи средба помеѓу комуналните претпријатија, а во организација на АДКОМ (Здружение на даватели на комунални услуги на РМ), со цел да се спроведе иницијатива за намалување на цената на нафтата што ја користат јавните комунални претпријатија во РМ за износот на ДДВ и акцизата, како импути во цената на нафтата, велат од ЈП „Комуналец“.
За оваа иницијатива од страна на претпријатието доставивено е и писмено барање до АДКОМ.












