Каолицијата за промени и правда која ја сочинуваат Демократскиот сојуз, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО – РП, упатија јавен повик до сите политички партии кои ќе учествуваат на изборите на листите на кадидати за пратеници да не кандидираат обвинети и осомничени лица за кои се води истражна или предистражна постапка пред надлежните судови.
„Иако максимално го уважуваме начелото на презумпција на невиност, но сепак сметаме дека на ваквите лица не треба да им се дава можност евентуално да се здобијат со пратенички имунитет со што би се оневозможила или би се успорила постапката која се води за нив. Крајно неодговорно е, понижување на граѓаните и покажување на мускули на лица од власта- носители на високи државни функции кои беа со одлука на Ѓорге Иванов по неколкупати аболицирани, сега да бидат носители или дел од кандидатите на листите за пратеници.“ – се вели во повикот.
Коалицијата обвини дека на австралискиот континент наводно има злоупотреби на гласачкото право и незаконска агитација помеѓу населението во дијаспората, како и дека на партиски активности забележано било присуство на службеници од дипломатските претстатвништва на Македонија.
OhridNews