Имплементација на иницијативата за намалување на цените на роаминг-услугите на Македонија со земјите од Европската Унија, била една од главните теми на неодамнешниот работен состанок во Брисел, меѓу Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и директорот на Дирекцијата за комуникациски мрежи, содржини и технологии на ЕУ, Роберт Медлин.

На состанокот биле разгледани следните чекори кои ќе треба да се преземат, со цел нашите граѓани кога патуваат во земјите на Унијата да не плаќаат четири до девет пати повисоки цени од она што го плаќаат граѓаните на ЕУ.
Инаку, на средбата министерот Ивановски и директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски, ги објасниле македонските позиции и ставови, меѓу кои и дека АЕК има направено детална анализа за тоа каде најмногу се движат македонските граѓани и кои се цените што ги плаќаат.
OhridNews












