Градоначалникот Никола Бакрачески,  оствари работна  средба со членовите на  иницијативниот одбор за отворање на филмска академија во Охрид:  Роберт Јазаџиски, Зоран Велјаноски- Летра ,  Томаш Петрањ, Иво Трајков и Хана Јанаушкова .

На средбата градоначалникот Бакрачески  изрази уверување дека локалната власт  ќе даде силна поддршка за отворање на филмската академија во Охрид , која се очекува да  биде сместена  во дел од просториите од Универзитетот “Св. Апостол Павле“.

Со гостите покрај за  академското изучување на филмските вештини се разговараше и за можностите во Охрид  да се отвори и професионално филмско студио. На  средбата  се разговараше и за можноста  во  градов  да заживее и  охридски филмски фестивал од меѓународен карактер  со што  значително би се збогатила  културната понуда.

OhridNews