Советничката група на СДСМ ќе поднесе иницијатива за свикување вонредна седница на Советот на општина Струга, со единствена точна на дневниот ред разгледување на состојбата по големиот пожар во центарот на градот и помош на оштетените семејства.
Инаку првична помош за оштетените достави општинската организација на Црвениот крст, која обезбеди пакети со храна, санитарни средства и вода за семејствата чии домови изгора во пожарот, кои според најавите ќе добијат и еднократна финансиска помош.
OhridNews