Дел од учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“ вчера реализираа неколку активности со иновативен карактер, со употреба на на хартии, Орфови игри и цртежи Мандала.

Овие активности ги предводеа психологот Милован Србиноски, наставничката од петто одделение Наташа Паункоска и Снежана Атанасоска одделенски наставник од ОУ „Коцо Рацин“.

Иако работата временски била подолготрајна, учениците во целост ги усвоиле новите знаења, при што се запознале и со целите од сето она што било презентирано.

OhridNews