На денот на пролетта компанијата INSIDE AUTO го отвори новиот продажен салон за светски познатиот бренд HYUNDAI.
новиот продажен салон на INSIDE AUTO
INSIDE AUTO од Охрид, ќе биде овластен дистрибутер на Hyundai возилата на територијата Охрид, Струга, Ресен, Кичево и Дебар. Во склоп на новиот салон ќе работи и сервисот на Hyundai, кој ќе биде отворен за еден месец, ни изјави генералниот менаџер и соопственик на салонот, Никола Митрески. Тука ќе можат да се видат најновите модели на Hyundai, од најновото возило Getz до атрактиниот Hyundai возило Santa Fe.
Hyundai пристигна во Охрид

Компанијата INSIDE , е позната по телекомуникацискиот бизнис, што успешно го работи од 1999 година. Повеќе сме познати по интернет услугите и интернет телефонијата, а сега од 1.1.2007 дејноста ја проширивме и на авто бизнисот. Моментално имаме 12 вработени, но со отворањето на сервисот, таа бројка ќе расте, ни изјави Митрески.
На отворањето на продажниот салон на Hyundai, присуствуваа голем број гости, бизнисмени и познати личности од јавниот и општествениот живот во Охрид.
Г. Момироски













