По објавата на OhridNews дека во езерските води во населбата Далјан се прави насип од земја и шут, на терен денеска излегоа овластени инспектори од Општина Охрид и Министерството за животна средина, кои го истражуваат случаjот.

Се очекува во текот на денот да биде соопштено што утврдил инспекцискиот надзор на спорната локација на која во текот на вчерашниот ден работеше градежна механизација.

Г.М.

Што и зошто се насипува во водите на Охридското Езеро во Далјан?