Станоиздавачите и самите гости кои летово ќе престојуваат во Охрид ќе мора да бидат подисциплинирани во однос на почитувањето на законските одредби.

Контролите од страна на инспекциските служби ќе бидат зачестени, при што ќе се вршат и контроли на самите соби во кои се сместуваат гостите со цел, во нив, да не престојува поголем број од оној што е пријавен од страна на станоиздавачот.

– Многу често се случувало во двокреветни соби да преспиваат по четири или повеќе гости кои не се пријавуваат. Досега, поради нарушување на приватноста не се вршеа контроли и во собите, но со новиот  Закон за инспекциски надзор, кој стапи на сила на 1 април, дадена е можност инспекторите да може да влегуваат ненајавено и да ги контролираат собите во кои отседнале гостите, вели раководителот на општинскиот инспекторат, Танас Танасоски. 
 
Танасоски потенцира дека казните за станоиздавачите кои нема да ги почитуваат законските одредби се високи.

OhridNews