Со цел да се почитува дозволената граница за бучавост од 15 до 18 часот и од 22 до 05 часот, инспекциските служби кои се надлежни околу проблемот со бучавоста, заеднички и координирано секој ден ќе излегуваат на терен. Интензитетот на работата на инспекциските служби ќе биде од 22 до 03 часот по полноќ, е еден од донесените заклучоци од страна на советот за превенција.
Од страна на испекциските служби секојдневно ќе се вршат и контроли и на квалитетот на храната, а од страна на надлежните ќе се преземат мерки и за решавање на проблемот со нерегистрираните туристички работници.
Советот за превенција донесе заклучок и дека е потребно да се извести Министерството за транспорт и врски околу проверката на лиценците на компаниите кои се занимаваат со транспорт на патници, односно проверка на условите на возилата и проверка на релациите по кои им е дозволено да сообраќаат.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com