Институтот за педагогија еден од најстарите, институти на Филозофскиот факултет во Скопје, по повод одбележувањето на 65-годишнината од постоењето организира меѓународен научен симпозиум што ќе се одржи од 22 до 24 септември 2011 година во Охрид.

Од 1946 година па се до денес Институттот за педагогија својата дејност ја насочува кон наставната и научно-истражувачката работа од областа на педгошката наука. Има постигнато забележителни резултати во образованието на педагози, воспитувачи и одделенски наставници.

Главна тема на симпозиумот е „Воспитанието и образованието меѓу традиционалното и современото“ и е во функција на согледување на континуитетот на воспитно-образовната дејност на нашите простори, но и пошироко.

На овој научен симпозиум со меѓународно значење пријавени се над 150 учесници од земјата и странство (Бугарија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Италија, Косово).

OhridNews