Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, се позачестена е нелегалната употреба на петарди и други видови пиротехнички средства. Со цел да се укаже на несаканите последици од нелегалната употреба на пиротехничките средства и другите експлозивни материи од страна на граѓаните, СВР Охрид, денеска во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ организира работна средба со советодавната група граѓани на која ќе бидат изнесени и договорени превентивните активности во насока на понатамошна едукација на учениците и населението за опасностите од употреба на петардите и останатите пиротехнички средства како и мерки за намалување на препродажба и консумирање алкохол на малолетни лица.На претставниците на основните и средните училишта, на претставниците на педагошко-психолошките служби како и на останатите членови на советодавната група граѓани и на советот на родители, ќе им бидат поделени флаери и друг наменски пропаганден материјал како и известувања за законските одредби по оваа проблематика согласно Законот за заштита од експлозивни материи и Законот за прекршоци против Јавниот ред и мир.
Вакви работни превентивни и едукативни средби, СВР Охрид, ќе одржи и со советодавните групи граѓани од другите населени места. На средбите, учество ќе земат командирот на полициската станица од општа надлежност Охрид, началникот на одделението за превенција при СВР Охрид, самостојниот инспектор за експлозиви и опасни материи, вишиот инспектор за превенција, командирот на територијалната против-пожарна единица Охрид како и претставници на Црвениот крст од Охрид.












