По прилозите објавени во медиумите надлежните институции се заинтересираа за случајот на четиригодишната Симона од Охрид која не гледа од раѓање.

На девојчето се уште не и е утврдена дијагнозата, поради што со сигурност не се знае дали има шанси да прогледа. Со воспоспоставена дијагноза ретинопатија, таа била испратена на преглед во специјална очна болница во Белгија, каде семејството било информирано дека девојчето ја нема посочената болест и дека се потребни дополнителни испитувања кај невролог. Истите по апелот за помош ќе ги овозможи Министрството за труд и социјална политика, а подготвеност да помогне без надомест изразила и Европската очна болница во Скопје специјализирана за таков вид прегледи.

Малата Симона е исклучително интелегентно девојче кое поради здравствениот проблем кој го има од раѓање, светот околу себе го спознава единствено преку допир и другите сетила и постојано и е неопходна помош која ја добива од семејството што живее од социјална помош.

OhridNews