Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид, ја поддржа и активно се вклучи во акцијата за пошумување, во рамките на иницијативата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.
Веќе традиционално, интернационалните и домашните студенти наставно научниот и административниот кадар на Универзитетот, засадија зимзелени дрвца во дворот на Универзитетот. „Со задоволство ги засадивме овие дрвца, Денот на дрвото преставува одлична прилика да инвестираме во нашата иднина и да испратиме порака дека мора да постои рамнотежа помеѓу развојот на индустријата и технологијата и зачувувањето на животната средина“ изјави Франческо Волпони, професор на Универзитетот.
Десеттина полициски службеници денес учествуваа во акцијата Денот на дрвото. Кај месноста Орман тие засадија повеќе борови и јасенови садници.
-СВР Охрид традиционално ја подржува оваа акција за подигнување на еколошката свест и градење здрава животна средина. Секоја година учествуваме во акцијата Денот на дрвото и на предвидените локации заедно со граѓаните и претставниците на институциите засадуваме садници, ги пошумуваме голите предели и учествуваме во раззеленувањето и подобрувањето на нашата животна средина. Денешната акција беше повод и за уредување на дворот на СВР Охрид каде се засадија неколку борови насади. – изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
OhridNews