Од Општата болница информираат дека снабдувањето со инсулин тече непречено и дека без проблем се набавуваат потребните количини.

– Засега нема никаков проблем во однос на снабдувањето со инсулин за дијабетичарите, ниту има изгледи дека ќе дојде до некаков проблем во идниот период, вели д-р Саш Василески, потпарол на Општата болница.

Според тоа Охрид не е еден од градовите во кои и по една недела, поради недостиг во болниците,  дијабетичарите немаат можност да набават инсулин.

Проблемот се јавува бидејќи дел од здравствените институции во земјава не го плаќаат навреме инсулинот на набавувачот, кој пак преку рестрикции во испораката врши притисок да се најдат пари за плаќање на долгот.

OhridNews