По повод претстојниот празник  8- ми декември, „ Св.Климент Охридски“,   Ј.П. „ Охридски Комуналец“ ги интензивира своите активности околу одржувањето на јавната чистота и јавното зеленило.

Се чистат и уредуваат јавните и зелените површини, каде по повод празникот ќе се одржуваат свечености: градскиот плоштад, дворот од О.У.„ Св. Климент Охридски“, пристапните  патеки кои водат до училиштето, патеката до Плаошник, просторот околу Центарот за култура „Григор Прличев“.

Во градскиот парк продолжува акцијата за засадување на зимската цветна реколта, а  се врши и бојадисување на клупите и садовите за депонирање ситен отпад.

OhridNews