Екипите на МЈП „Проаква“ пред предвиденот рок ги завршија активностите за изведбата на еден крак од новата водоводна линија на улицата „Будва“ во Охрид.
Според информациите од претпријатието, профилот на водоводната инсталација, чие поставување заврши вчера, е ф-63 милиметри и е во должина од 100 метри.
Исто така деновиве привршуваат и активностите за уредување на мини – плоштадот во населбата Рача каде заедно со останатите јавни претпријатија и во координација со Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид, МЈП „Проаква“ свој придонес даде со поставување на фонтана и обезбедување на водоводна инсталација за истата.
OhridNews